УМЕТНОСТ И СОЛИДАРНОСТ: ПРИМЕРИ ОД СКОПЈЕ И АТИНА

Повеќеслојниот концепт на солидарност се манифестира преку различни практики во различни контексти. Една таква манифестација лежи во последиците од земјотресот во Скопје во 1963 година. За време на Студената војна, Скопје станал симбол на југословенската и светската солидарност. Со овој концепт на...

Full description

Saved in:
Bibliographic Details
Main Author: Софија Григоријаду
Format: Article
Language:English
Published: Ss Cyril and Methodius University in Skopje 2024-12-01
Series:EtnoAntropoZum
Subjects:
Online Access:https://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/568
Tags: Add Tag
No Tags, Be the first to tag this record!
Description
Summary:Повеќеслојниот концепт на солидарност се манифестира преку различни практики во различни контексти. Една таква манифестација лежи во последиците од земјотресот во Скопје во 1963 година. За време на Студената војна, Скопје станал симбол на југословенската и светската солидарност. Со овој концепт на солидарност се запознав во летото 2018 година на општинските настани за комеморација на земјотресот. Бидејќи доаѓам од Атина, ми беше познато нешто поразлично: таму, по глобалната финансиска криза во 2008 година, чие влијание се доживуваше две години подоцна, веќе постојните (анти)агонистички практики на солидарност беа прифатени од поширокиот сегмент од општеството vis-à-vis политиките на строги економии. Иницијативите како што се пазари за антипосредници (anti-middleman) и размена, како и сквотовите на мигрантите и уметниците се покажаа како клучни во услови на беспримерна несигурност. Солидарноста истовремено поттикна нови форми на социјалност. Дискусиите со практичарите на современата уметност во Скопје, кои се стремат кон идејата за Европа различна од онаа што беше наметната со проектот „Скопје 2014“ за урбана регенерација, открија слични, но сепак различни поими за солидарност. Се појавија самоорганизирани и самоодржливи уметнички иницијативи, додека други бараа поддршка од приватни фондови, сите работејќи надвор од државните институции. Овој труд има за цел компаративно да ги испита варијациите на поимот солидарност во доменот на современата уметност и во дијалог со активизмот, како одговор на хетерогените „кризи“ во Скопје и Атина.
ISSN:1409-939X
1857-968X